Xiaomi со нова технологија за идентификација на светлата на семафорот

Објавено на 16.09.2022 во Електричен погон



Xiaomi со нова технологија за идентификација на светлата на семафорот

Xiaomi дефинитивно креира иновации на патот кон лансирањето на својот прв електричен автомобил. Првото возило би требало да биде спремно во 2024 година. Кинеската компанија претстави нов напреден систем за автономно возење, со акцент на патентирана технологија за идентификација на светлата на семафорот.

Со помош на сензори и камери на автомобилите, системот може да собере фотографии од светлата на семафорот, да ја одреди временската секвенца на семафорот и да го аналзиира статусот на возење на возилото, што дополнително ја подобрува прецизноста и безбедноста на системите за автономно возење.

Автор: Aleksandar Stankov