The Sims 4 од следниот месец ќе биде бесплатна за преземање

Објавено на 16.09.2022 во Игри



The Sims 4 од следниот месец ќе биде бесплатна за преземање

The Sims 4 е лансирана во 2014 година, која што може да се игра на компјутер, Mac, PlayStation и Xbox. Нејзината цена изнесува 20 долари. EA објави дека во 2019 година оствариле над милијарда долари приход благодарение на Sims 4, додека кон средината на 2021 година, во играта уживале 36 милиони гејмери. 

Според последните најави, компанијата од 18 октомври, следниот месец, ќе ја направи Sims 4 тотално бесплатна за сите платформи и ќе може да се игра без никакви плаќања. Оние што веќе ја платиле играта, EA ќе им додели подарок Desert Luxe Kit, кој ќе биде достапен до 17 октомври.