TikTok претстави нова опција, што ја копирал од BeReal

Објавено на 17.09.2022 во Новости



TikTok претстави нова опција, што ја копирал од BeReal

Ако она што го правите го копираат најдобрите компании во вашата дејност, тогаш знаете дека вршите одлична работа. BeReal е апликација со голема популарност, која што еднаш дневно испраќа известувања дека е време за објава на социјалната мрежа.

Тие имаат само неколку минути да објават фотографија со користење на двете камери, со цел да прикажат каде се наоѓаат и што прават. Ако фотографиите не се објават во тој момент, тогаш нема да можат да објават ништо во тој ден.

BeReal во споредба со другите социјални мрежи, сака да ги поттикне корисниците да го покажат своето вистинско лице, без филтри и специјални кадри за фотографирање. TikTok моментално развива иста опција што ја нарекува “Now”. Се разбира, оваа опција е копија на BeReal.