Ќе го поскапи ли PlayStation и Xbox?

Објавено на 18.09.2022 во Игри



Ќе го поскапи ли PlayStation и Xbox?

Sony неодамна неодамна најавија дека од економски причини морале да ги поскапат своите конзоли. Цената на PlayStation 5 порасна за 50 евра на сите светски пазари. Поради ова поскапување и инфлацијата, гејмерите се прашуваат дали и другите производители ќе ги качат цените. Nintendo изјави дека се уште не размислуваат за поскапување на Switch.

Microsoft исто така слично размислува. Првиот човек на Xbox, Фил Спенсер, вели дека во Microsoft сега не размислуваат за зголемување на цените на своите конзоли. Тоа е одлична вест за сите што размислуваат за купување на Xbox, можеби во текот на празничниот попуст. Како во случајот со Nintendo, Спенсер не ја исклучува опцијата да поскапат Xbox Series X и S во иднина, во зависност од економските услови.