iPhone 15 во 2023 година доаѓа со новата опција Dynamic Island

Објавено на 20.09.2022 во iOs



iPhone 15 во 2023 година доаѓа со новата опција Dynamic Island

Само што беа претставени новите модели на iPhone, а Apple веќе се спрема за следниот септември во 2023 година. Ќе има четири нови модели на iPhone 15: iPhone 15, 15 Plus, iPhone 15 Pro и 15 Pro Max

Според најновите гласини, Apple планира да ја прошири Dynamic Island опцијата на сите модели од претстојната серија iPhone 15. Да потсетиме дека компанијата ја претстави оваа опција само на iPhone 14 Pro и Pro Max моделите и таа претставува импресивна интеграција на хардвер и софтвер, а може да се користи само со одредени апликации. 

Dynamic Island овозможува дел на екранот во кој што се сместени камерата и сензорите софтверски да се прошират, така што внатре во него да се прикажат важни информации како што се податоци за навигација кога е активирана авионска карта и слично. Ако Dynamic Island стане достапен за сите нови телефони, експертите веруваат дека Apple ќе ги мотивира девелоперите да посветат повеќе време за интеграција и опциите во своите апликации, со што дополнително ќе се подобри начинот за нивното користење.