Црвенило на криптоберзите, нов пад на вредноста на bitcoin и ether

Објавено на 20.09.2022 во Крипто



Црвенило на криптоберзите, нов пад на вредноста на bitcoin и ether

Почетокот на новата недела не донесе добри вести за инвеститорите во криптовалути. Откако едно време се чинеше дека пазарот тргна кон подобрување и bitcoin ја надмина вредноста од 22 илјади долари, а ether од 13 илјади долари, двете криптовалути сега нурнаа во црвено.

После утринскиот пад, вредноста на bitcoin сега е на најниско ниво во последните три месеци, а вредноста на оваа криптовалута константно се менува и едно време падна под 18.400 долари. Од друга страна, ether сега падна под 1300 долари, чија вредност до неодамна беше 2 илјади долари.