Volvo најави електричен SUV модел за крајот на 2022

Објавено на 21.09.2022 во Електричен погон



Volvo најави електричен SUV модел за крајот на 2022

Целта на Volvo веќе 100 години е е да иновира и да воспостави нови стандарди, со цел да спаси повеќе животи. Со најновиот автомобил, компанијата продолжува со нова технологија, со која што ќе се забрза напредокот кон визијата на компанијата.

„На крајот на оваа година, ќе го откриеме нашиот нов, целосно, електричен предводник на SUV“, официјално соопшти Volvo.

Оригинално електрично и софтверско дефинирано решение, тоа е демонстрација на нашата иднина и го означува почетокот на новата ера на безбедност. „Пред да ви го покажеме автомобилот оваа година, Џим Роуан ќе ја претстави нашата визија за автомобилите на Volvo и безбедноста во иднина и ќе понуди прв поглед на некои од новите технологии, кои се стандардни на нашиот следен целосно електричен SUV. Ќе има иновативни карактеристики дизајнирани да ја зголемат вашата безбедност, како и оние околу вас“, пишува во соопштението.