Sony спрема потенка верзија на PlayStation 5 за 2023 година

Објавено на 23.09.2022 во Игри



Sony спрема потенка верзија на PlayStation 5 за 2023 година

Sony константно се труди да ја подобри својата конзола PlayStation 5. Така на почетокот на овој месец го претстави новиот полесен модел. Јапонската компанија спрема уште една промена, што ќе овозможи за PlayStation 5 да биде полесен, а ќе биде претставен во 2023 година. 

Sony ќе ги намали компонентите и ќе ги исфрли Blu-ray дисковите од употреба. Новата потенка конзола PS5 доаѓа со надворешна единица за Blu-ray, која што нема да биде интегрирана во самата конзола. Надворешната единица ќе се поврзува со конзолата само преку USB-C кабел. Во 2023 година би требало да пристигне и новата виртуелна конзола Sony PS VR2.