Google целосно го откри дизајнот на претстојниот Pixel Watch на видео

Објавено на 24.09.2022 во Смарт часовници



Google целосно го откри дизајнот на претстојниот Pixel Watch на видео

Google годинава е полн со изненадувања, на 6 октомври ќе лансира многу производи. Официјално е објавено видео од компанијата за кружниот неодолив дизајн на Pixel Watch

Google Pixel Watch некои го опишуваат како алтернатива на Apple Watch и како „поинаков“ од другите. Располага со освежен и класичен дизајн, Wear OS оперативен систем и доаѓа во црна, сребрена и златна боја на рамки. Погледнете го видеото од 35 секунди одозгора. Неговата почетна цена се очекува да биде од 350 долари, па нагоре.