Детскиот сон на Лери Пејџ за летачко такси нема да се оствари

Објавено на 24.09.2022 во Smart Vehicles



Детскиот сон на Лери Пејџ за летачко такси нема да се оствари

Летачките автомобили биле дел од детските соништа на ко-основачот на Google, Лери Пејџ, кој одлучил да ги претвори овие соништа во реалност, со инвестицијата во стартап компанијата Kittyhawk, основана од 2010 година. 

Занимливо со оваа компанија е што ја води Себастијан Трун, кој е излезен од компанијата Google. Во Google тој го водел одделот за развој на самостоен автомобил и смарт очила. Целта на Kittyhawk е да се направи електрично летало, кое што ќе може да полетува и слетува вертикално, така што нема да има потреба од аеродромска писта. 

Пред 4 години компанијата го претставила Kittyhawk Flyer, електричниот ултра лесен авион за едно лице, кој може да лета еден метар над вода, т.е. море. Неговиот развој со текот на времето беше прекинат, а повеќето вработени што работеле на проектот, добиле отказ. Компанијата потоа се фокусирала на развојот на електричното такси, наречено Cora и во 2019 година договорено е стратегиско партнерство со Boeing. Отворена е заедничката компанија Wisk Aero, со слична цел, развој на летачки автомобили и воздушни таксија. 

Излезе веста дека сепак Лери Пејџ нема да го оствари детскиот сон, затоа што Kittyhawk згаснува. Wisk Aero сепак продолжува со работа, објавуваат од Boeing.

Автор: Aleksandar Stankov