Нов iOS 16 баг може да ви го заклучи Apple Mail профилот

Објавено на 24.09.2022 во iOs



Нов iOS 16 баг може да ви го заклучи Apple Mail профилот

Apple го лансираше iOS 16.02, кој уништува багови што ги имаше на iPhone 14 Pro моделите.  Проблемот беше кога корисниците ја вклучуваат апликацијата за камерата за снимање и снимката се тресеше.

Сега има нов проблем со iOS Mail апликацијата, која што не може да функционира и постојано паѓа. Според VPNTracker (viaAppleInsider), малициоцен корисник се обидел да внесе нешто во линијата на "From" празното место на мејлот, влијаејќи врз корисникот со заклучување на неговиот Apple Mail профил на неговиот iPhone или iPad. Овој баг може да нанесе голема штета на iPhone корисниците. Се надеваме дека Apple за брзо време ќе најде решение и закрпа на проблемот.