Volkswagen претстави моќно футуристичко возило, со различни режими на патување

Објавено на 26.09.2022 во Електричен погон



Volkswagen претстави моќно футуристичко возило, со различни режими на патување

Volkswagen претстави уникатен и футуристички концепт на електричен автономен автомобил, наречен Gen Travel. Gen Travel е претставен пред јавноста во петок и има целосно реконфигурабилна кабина, која што ги претвара седиштата на патниците во кревети. 

Има дури и амбиентално осветлување, специјално дизајнирано да влијае врз производството на хормон мелатонин, со цел подобро да се одморите и да се наспиете, додека возилото ве вози до целта.

Седиштата на Gen Travel може да се сетираат на режимот „ноќна конфигурација“, по што седиштата се спуштаат и може да спиете. Имате е и „конференциска поставка“ со четири седишта и голема столица во средината, а во таква конфигурација Volkswagen вели дека амбиенталната осветленост „создава удобно работно опкружување“, додека исто така помага и во намалување на мачнините.