Google Pixel 7 доаѓа со почетна цена од 600 долари

Објавено на 26.09.2022 во Android



Google Pixel 7 доаѓа со почетна цена од 600 долари

Објавени се цените на новите Pixel 7 и Pixel 7 Pro во јавноста, непосредно пред нивното претставување на Made by Google, кој се одржува следниот месец, наскоро. GSM Arena објави дека Google на 6 октомври ќе ги претстави новите Pixel телефони на Made by Google

Google Pixel 7 и Pixel 7 Pro доаѓаат со cyclops лента за камери од задната страна. Google Pixel 7 со кодно име Panther, се очекува да се продава со почетна цена од 599 долари, додека подобриот модел Pixel 7 Pro ќе биде 899 долари. Корисникот Artem Russakovskii на Twitter вели дека деталите за цените доаѓаат од доверливи извори, но Google се уште официјално не ја потврдува цената.