Samsung Galaxy S23 е со подобрена фацијална технологија за препознавање на лице

Објавено на 26.09.2022 во Android



Samsung Galaxy S23 е со подобрена фацијална технологија за препознавање на лице

GalaxyClub официјално го објави документот за патентирање на апликација од Samsung, наменета за Galaxy S или Galaxy Z серијата. Патент апликацијата ја подобрува искористеноста на камерата сместена под екранот, која ќе креира подобар 3D модел од лицето на корисникот.

Целта со безбедно фацијално препознавање е да креира длабочинска мапа од лицето на корисникот. Така се извршува превенција од фалсификување на лицето, користејќи фотографија од лажниот корисник, за отклучување на уредот