Илјадници роботи на Tesla ќе работат во нивните фабрики
Илон Маск тврди дека Tesla Bot би можел да ја трансформира светската економија и да реши моментално голем проблем во многу индустрии низ светот - недостаток на работници. Таквата најава во теорија звучи одлично, но се уште е под знак прашалник како ќе изгледаат нештата во пракса.
Познато е дека Маск сака да дава рокови за исполнување на цели и планови, кои што во пракса се неизводливи, па така веќе со години зборува за целосно автономни возила на Tesla, но и покрај тоа што компјутерите во нивните автомобили се со Full Self-Driving опција, луѓето сепак мора да седат пред воланот, спремни за преземање на контрола на воланот.
Ќе биде интересно дали и со Tesla Bot ќе бидат исти нештата или Tesla навистина ќе претстави робот што наскоро во фабриките ќе може да работи заедно со луѓето и ќе им олесни во секојдневните работни задачи.