Батеријата е се уште проблем за iPhone корисниците со инсталацијата на iOS 16

Објавено на 27.09.2022 во iOs



Батеријата е се уште проблем за iPhone корисниците со инсталацијата на iOS 16

Тешко е да се замисли како некој со iPhone 12 Pro Max или iPhone 13 Pro Max се жали за долготрајноста на батеријата. iPhone 11 Pro Max ви овозможува целодневно траење на батеријата со едно полнење, додека оние со поновите модели од најмоќните имаат се уште проблем после инсталирањето на најновиот iOS 16.

Корисници на Twitter велат дека причината зошто го купуваат најновиот Pro Max е долготрајноста на батеријата, но се се променило после надградбата со iOS 16. Корисникот @DeclanFOM објаснува дека со едно полнење неговиот iPhone има батерија што трае само до 7 часа после полнењето. 

Автор: Aleksandar Stankov