Зошто Galaxy Z Fold4 и Flip4 се телефоните на новата генерација?

Објавено на 29.09.2022 во Новости



Зошто Galaxy Z Fold4 и Flip4 се телефоните на новата генерација?

 
Познатите македонски инфлуенсер Мартин Трајановски и Моника Поттер буквално
„флипнаа“ по новата генерација Samsung телефони на преклоп. Поместете ги границите на
конвенционалното и подгответе се да ја живеете најкреативната, футуристичка фантазија!
Новата серија Galaxy Z обединува два навистина моќни уреди на преклопување - Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4. Samsung комбинираше импресивна технологија за паметни телефони и иновативен дизајн за да им овозможи на своите корисници навистина извонредно корисничко искуство.
Совршен за младите, но и оние со нескротлив, бунтовен и апсолутно креативен дух, оваа серија буквално се приспособува на потребите на модерниот корисник кој е постојано во трка со брзото секојдневие.

Galaxy Z Fold4 – функционалност која го одзема здивот!

„Станува збор за можеби едниствениот телефон на пазарот што овозможува да имате т.н. “таблет” истовремено додека имате регуларен телефон во вашите раце. Морам да признам дека пространоста на екранот ми даде 100% ново искуство за едитирање и фотографирање. Понатаму, користењето на социјалните мрежи на овој телефон е тотално “next level” иксуство, во вистинска смисла на зборот! Овој телефон, кога се работи за напредна технологија, е можеби најудобното нешто што било кога имам искусено! Ќе ме прашате, зошто? За почеток, фотографирањето на големиот екран е искуств коешто не може да биде заменето со било кој друг уред. Едноставно “preview”-то на камерата е искуство само по себе посебно. Следно, филмскиот режим на снимање видеа е целосно нова димензија на креирање контент и едитирање на видеата на истиот.
Едноставно, креирањето контент, за мене лично, станува нов предизвик. Интересниот момент што се случи кај мене (а верувам и кај секој оној којшто го поседува овој телефон, а истовремено е “зависник” од креирање на содржини) е тоа што, иако креирам контент веќе неколку години наназад – се чувствувам како за прв пат да имам уред којшто ми дава можност да креирам контент како никогаш до сега,“ вели Мартин Трајановски еден од најпознатите македонски инфлуенсери.
 

За оние кои заслужуваат повеќе

Galaxy Z Fold4 е силен и издржлив телефон што се преклопува поради неговата рамка и капак со шарки од армиран алуминиум, како и ексклузивното Corning® Gorilla® Glass Victus®+ на екранот на капакот и задното стакло. Благодарение на оптимизираната структура на слојот, издржливоста на главниот панел на екранот е подобрена, што го прави поотпорен на надворешни влијанија.
Содржината е посеопфатна и поекспресивна на главниот екран од 7,6 инчи со поголемо
осветлување, прилагодлива стапка на освежување од 120 Hz и помалку видлива камера од 4
мегапиксели под дисплејот, т.н. UDC, кој има нов распоред на дисперзирани подпиксели. И ако ве фати дожд, не треба да се грижите бидејќи Galaxy Z Fold4 е опремен со IPX8 водоотпорност!

Galaxy Z Flip4 – Уникатен, елегантен и компактен!

 
„Двата екрани се огромен плус кога станува збор за Flip4. Прегледот на нотификации додека сум на состанок или можноста да го преклопам на маса или некоја површина и да направам уникатна фотографија ми е вистинско освежување! И дефинитивно големината, бидејќи ми е лесен за носење во џеб од фармерки или во ташна. Нон стоп фотографирам и снимам контент за на инстаграм. Навистина камерата е одлична и го вади максимумот од моментот. Исто така сум зависник од слушање музика, па Flip4 можам да кажам дека вади баш добар звук! Огромен плус се издржливата батеријата и камерата која прави навистина добри фотографии, а она по е впечатлив е дефинитивно е фотографирање со Flex mode “ вели познатата македонска блогерка Моника Поттер за искуството со неповторливиот Galaxy Z Flip4.
Кој е подобар начин да ја изразите вашата креативност отколку преку фотографија и видео
содржина? Galaxy Z Flip4 им овозможува на корисниците да направат неверојатен портрет или селфи без раце со Flex Mode. Исто така, кај моделот Galaxy Z Flip4, со помош на интерфејсот на насловниот екран на предниот екран, можно е и снимање видео со помош на опцијата Quick Shot.
Сè што треба да направте е да кликнете двапати на копчето за вклучување на паметниот телефон.
Galaxy Z Flip4 е опремен и со напредни стерео звучници со поддршка за Dolby Atmos®, што
овозможува звук со висока јасност, длабочина и движење низ просторот без оглед на тоа што гледа или слуша корисникот. Благодарение на режимот Flex Mode, корисникот може и практично да ужива во својата омилена содржина, каде видеото може да се гледа на горниот дел од екранот, додека осветленоста и јачината може да се контролираат на долниот дел.

Создаден за новите генерации!

„Ние сме генерација на промена! Ние сме генерацијата што го предизвикува овој свет да биде
подобро место за живеење! Знам дека младите се жедни за промени и нови предизвици, а
верувајте дека Galaxy Z Fold4 е целосно лидер на таа идеологија!,“ вели Мартин.
Побрзајте и искористете го промотивниот период Време е за промена! Есента е совршен момент да го извадите најдоброто од себе. Одберете го вашиот омилен телефон на преклоп и добијте вреден подарок! Со купување на Samsung Galaxy Z Flip4 5G или Samsung Galaxy Z Fold4 5G направено во промотивниот период од 12.09.2022 година. до 16.10.2022 година. година, добијте право да добиете Samsung Galaxy Watch5 44 mm во графитна боја или Samsung Galaxy Watch5 40 mm во розово-златна боја. За остварување на правото на подарок, потребно е да се регистрирате преку апликацијата Samsung Members со користење на паметниот телефон купен како дел од промоцијата најдоцна до 30.10.2022 година.
Со купување телефон од Galaxy S22 серијата, во текот на промотивниот период, остварувате право на подарок Galaxy Buds2 слушалки во графитна боја.
Повеќе информации за промоцијата најдете на линкот, а за дополнителни информации за
уредите вклучени во промоцијата, посетете ја https://www.samsung.com/mk/.
Автор: Aleksandar Stankov