Првите рендери со Galaxy S23 и Galaxy S23+

Објавено на 28.09.2022 во Android



Првите рендери со Galaxy S23 и Galaxy S23+

Имаме преостанато уште 4-5 месеци пред Galaxy S23 серијата официјално да дебитира на почетокот на 2023 година. Веќе протекоа слики со Galaxy S23 линијата, за прв пат во јавноста.

Galaxy S23 и Galaxy S23+ се објавени од Стив МекФлај, познат како OnLeaks на Twitter.

Samsung Galaxy S23+ е сличен на помалиот брат. S23+ има црна позадина и има подобрен преден дизајн. Димензиите се наводно потврдени, S23+ ќе биде за малку повисок и потесен од неговиот претходник.