TSMC ја зголемува цената за 3% за A17 Bionic чипот за 2023

Објавено на 29.09.2022 во iOs



TSMC ја зголемува цената за 3% за A17 Bionic чипот за 2023

Медиумите тврдат дека компанијата што произведува најмногу чипови во светот ја зголемува цената на чиповите. Taiwan Semiconductor Manufacturing Company Ltd. (TSMC) почнува со нов 3nm процес на производство на крајот на 2022 година. Новите транзистори ќе бидат помали и така ќе собере повеќе во едно струјно коло.

Наводно, TSMC побарал за 3% повисока цена за производството на A17 Bionic чиповите на Apple, кој пак, наводно одговорил со „не“. Ова е многу важен момент за ефикасноста на чиповите. На пример, 5nm A15 Bionic го има кај iPhone 13 серијата, 4nm A16 Bionic кај iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max, кои имаат 16 милијарда транзистори.