Google најави нови дополнителни опции во Search и Maps

Објавено на 30.09.2022 во Android



Google најави нови дополнителни опции во Search и Maps

Google ќе го подобри пребарувањето и ќе овозможи подобра навигација. Целта на компанијата е да ги задржи корисниците повеќе време на нивните апликации, затоа што така заработуваат повеќе од реклами. Како што покажуваат последните истражувања, се повеќе информации се пребаруваат на TikTok и Instagram, па така Google сака да ги направи резултатите од пребарувањето подобри, да додаде и видеа.

Во иднина на корисниците ќе им се прикажуваат дополнителни резултати како историјата на градовите, плажата, културни содржини и слично. Ќе се прикажуваат и визуелни приказни со видеа од луѓето што ги посетиле тие градови, со насоки и совети кои интересни места може да се посетуваат.