Pornhub перманентно казнет поради голотија од Instagram

Објавено на 30.09.2022 во Новости



Pornhub перманентно казнет поради голотија од Instagram

Meta преку порталот Motherboard известува дека официјалниот профил на Pornhub е трајно остранет од Instagram, поради прекршување на нивните правила. Pornhub минатата деценија неколку пати ги прекршувал нивните услови поради голотија, содржина за возрасни и сексуално поттикнување.

„Ускратувањето на можностите за поместување на нашите брендови и развојот на нашето работење со континуирано бришење , замолчување и цензурирање на присутноста на сексуалните работнички и и брендови за возрасни е насилно и штетно. Во комбинација со постојаната финансиска дискриминација со која што се соочуваат тие во индустријата за возрасни, тоа е опасно и им се заканува на нашите средства за живот“, велат од Pornhub.

Meta не дава прецизен одговор како Pornhub ги прекршил правилата, освен тоа што за New York Post изјавиле дека Pornhub неодамна ги прекршил правилата против сексуално поттикнување на корисниците на Instagram да ја посетат нивната порнографска страница.