Најголем Kindle досега, читачот за е-книги на Amazon доаѓа со стилус

Објавено на 30.09.2022 во Новости



Најголем Kindle досега, читачот за е-книги на Amazon доаѓа со стилус

Amazon го претстави новиот Kindle Scribe, кој што доаѓа со најголем екран досега и поддршка за стилус за пишување на екранот. Големината на екранот изнесува 10,2 инча, што е за два пати повеќе во споредба со останатите читачи на е-книги на оваа компанија. 

Amazon и порано имал Kindle со поголем екран во понудата (9,7 инчи), но DX моделот е одамна повлечен. Scribe чини 339 долари, а достапен е со 16GB, 32GB и 64GB. Во рамките на цената, корисниците добиваат и стилус за пишување на екранот, кој може да се поврзе магнетски со Kindle кога не се користи. Достапна е Premium верзија на пенкалцето, за која што треба да се доплати, кое што има и гумичка, опција за кратенки и други опции. 





Прочитајте повеќе: