Huawei го претстави предводникот Mate 50 Pro, Huawei nova 10

Објавено на 01.10.2022 во Новости



Huawei го претстави предводникот Mate 50 Pro, Huawei nova 10

Huawei официјално ги пушти во продажба новите Mate 50 Pro и Huawei Watch GT 3 SE. Huawei Mate 50 Pro е најмоќниот предводник на компанијата со SuperEnergy Boosting технологија за батеријата, камера со резолуција од 50MP со бројни подобрувања на оптичкиот систем, механичка структура, технологија за снимање и обработка на слики, како и физички прилагодлив отвор на блендата, што се подесува на 10 нивоа. 

Од оваа компанија посебно се истакнува можноста за снимање на портрет со реални тонови на кожата, текстура и bokeh ефект, макро снимки со остар преден план и природно замаглена позадина, со брилијантни фотографии при слаба осветленост. 

Претставена е nova 10 серијата, која што ни носи модерен дизајн, ултра-широкоаголна камера од 60MP со 4K видео записи и SuperCharge режим на работа. nova 10 и nova 10 Pro може да се пофалат со одлична задна камера од 50MP со напредна обработка на сликата, висока стапка на освежување на екранот и можност за брзо полнење.

Освен хардверот, Huawei претстави и проширена понуда на апликации во AppGallery, која сега има 580 милиони активни месечни корисници, од кои што над 45 милиони се во Европа, со раст од 147% на апликациите во минатите 18 месеци и над 5,5 милиони регистрирани програмери, кои што постојано работат на неговиот развој.