Tesla го претстави работниот прототип на својот робот

Објавено на 01.10.2022 во Новости



Tesla го претстави работниот прототип на својот робот

На  “AI Day 2022” Маск го прикажал напредокот што го оствариле со роботот во последната година. На сцената се појави прототип со Optimus роботот (т.е. Tesla Bot), кој се прошета и ги поздрави присутните. 

На роботот биле сокриени механичките делови и жиците, што јасно дава до знаење дека станува збор за работен прототип, на кој што треба уште многу работа. Илон Маск демонстрирал дека роботот не може да падне на глава, туку е прилично стабилен. Очекувањата од роботот Optimus се прилично големи, Маск вели дека нивниот најважен производ што го развиваат оваа година, а Tesla тврди дека има потенцијал да стане поважен и од нивните автомобили.