iOS 16.03 доаѓа наскоро за да ги уништи баговите

Објавено на 04.10.2022 во iOs



iOS 16.03 доаѓа наскоро за да ги уништи баговите

Претходно пишувавме дека Apple има проблем со iOS 16, па затоа сега направил безбедносна закрпа во iOS 16.0.3, кој што доаѓа наскоро за да ги уништи сите багови што ги погодија корисниците на iPhone. Apple претходно го лансираше iOS 16.0.2 за да ги отстрани сите багови кај iPhone 14 Pro, но не успеа. 

Apple го откри проблемот кај iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max корисниците во софтверот, па така го корегираше со надградба. Проблемот кај новите модели беше со камерата и имаше проблем кај iPhone X, iPhone XR, и iPhone 11 моделите со допирот на екранот. За да проверите дали ви е достапен iOS 16.0.3, одете во Settings > General > Software Update