ITG xpPhone 2 - Windows 7/8 на смартфон

Објавено на 31.12.2011 во Новости



ITG xpPhone 2 - Windows 7/8 на смартфон

 

Се појави втората верзија од телефонот ITG кој е познат по тоа што наместо, iOS, Android, WP или друг OS, користи десктоп OS како Windows 7/8.
 
Телефонот е претставен со Windows 7, а ќе ја добие и 8-цата штом се официјално се појави. Инаку, телефонот доаѓа со дво-јадрен процесор на 1.6GHz, хард диск од 112GB, 2GB RAM меморија (двојно повеќе од моменталните смартфони), но тоа е компензирано од фактот што на Windows 7 му треба многу меморија.
 
 
Телефонот дури има и вистински VGA порт за приклучок на монитор или сличен уред. Инаку димензиите на телефонот се 140 X 73 X 17. 5mm. Екранот е со големина од 4,3 инча, а има и QWERTY тастатура на лизгање.
 
Спојте го со тастатура, маус и монитор и имате нешто повеќе како традиционален десктоп PC отколку смартфон.
 
 
Автор: Aleksandar Stankov