Boeing го претстави автономното воздушно такси

Објавено на 05.10.2022 во Новости



Boeing го претстави автономното воздушно такси

Многу компании вложуваат во истражување и развој на воздушниот транспорт. Такви решенија најчесто вклучуваат мали електрични авиони, кои што може да полетуваат и слетуваат вертикално, така што не им е потребна аеродромска писта како хеликоптерот.

Такво воздушно такси е направено токму со таква намера, што било претставено од компанијата Wisk Aero. Да потсетиме, дека станува збор за компанија што заеднички ја покренале Boeing и Kitty Hawk, уште еден стартап за развој на воздушно такси, финансиски поддржано од ко-основачот на Google, Лери Пејџ, неодамна згасната комапнија.