Instagram воведува реклами и во профилот на корисниците

Објавено на 06.10.2022 во Новости



Instagram воведува реклами и во профилот на корисниците

Марк Цукерберг имаше лоша година со своите приходи, па така сега мора да го надополни буџетот.  Meta одлучи да воведе нови реклами на Explore табот на Instagram. Рекламите досега се прикажуваа меѓу фотографиите и видеата, а новост е дека тие огласи сега ќе се прикажуваат и на главната страница. 

На сликите и видеата што ќе може да заземаат повеќе куќички внатре во мрежата на Explore, јасно ќе биде назначено дека станува збор за спонзорска содржина. На Explore веќе имаме реклами, но немаше во профилот на корисниците и нивните фотографии и видеа. Наскоро ќе имаме реклами и таму.