Google ги претстави Pixel 7 и Pixel 7 Pro, таблет и смартчасовник

Објавено на 07.10.2022 во Android



Google ги претстави Pixel 7 и Pixel 7 Pro, таблет и смартчасовник

Google официјално ги претстави двата нови смартфона и првиот смартчасовник, со кои што сака да конкурира на пазарот на смартфони. 

Google Pixel 7 пристигнува со 6,3-инчен екран со резолуција од 1800x2400 пиксели и екран од 90Hz заштитен со Gorilla Glass Victus. Батеријата би требало да издржи повеќе од еден час работа, а со активација на опцијата „екстремно штедење на батериите“ би можела да издржи дури до 3 дена. Телефонот поддржува до 30W полнење преку USB-C полнач и за половина час батеријата може да се наполни до 50% капацитет.

Од задната страна има двојна камера од 50MP + 12MP, која може да сними до 114 степени. Треба да се издвои и ласерскиот автофокус и оптичката и електронската стабилизација на сликата. 

Google Pixel 7 Pro има поголем екран од 6,7-инчи, со резолуција од 1400x3120 пиксели и фреквенција на освежување од 120Hz. Освен спомнатите чипови Tensor 2 и Titan M2, овој уред доаѓа со 12GB меморија во верзија од 128, 256 и 512GB меморија за лични податоци. Обичниот Pixel 7 има 8GB RAM меморија и може да се купи со 128 и 256GB меморија. 

Капацитетот на батеријата изнесува 5000mAh и според перформансите и издржливоста и брзината на полнење би требало да биде иста како и кај моделот Pixel 7. Покрај истите две камери што ги има Pixel 7, Pro има 48MP телефото камера со 5x оптички зум. Предната камера за снимање кај двата модела е 10,8MP со фиксен фокус. Телефоните почнуваат со проджба во САД од 13 октомври за цена од 599 долари за Pixel 7, т.е. 899 за моделот Pixel 7 Pro.