Spyware краде лични податоци на Android и ги уценува жртвите

Објавено на 09.10.2022 во Android



Spyware краде лични податоци на Android и ги уценува жртвите

Android корисниците се загрозени од програма излезена од неодамна, која ја презема контролата од уредот и ги краде сите податоци што би можеле да бидат корисни. Spyware програмата се вика RatMilad, која што им овозможува на хакерите да шпионираат се што прават жртвите на хакираните уреди пред камерата. Може да снимаат дури и телефонски разговори.

Spyware може да ги собира сите лични податоци за повици, СМС, GPS локации, список на контакти, инсталира и брише програми и датотеки на самиот уред. Zimperium, американската компанија за компјутерска безбедност ја открила оваа програма, која предупредува дека овие податоци се продаваат за пристап кон приватните корпоративни системи и уцена. Погледнете на видеото одозгора како spyware се инсталира на вашиот уред.