Хакерите сакаат 2022 да биде запамтена по рекордна кражба на криптовалути

Објавено на 14.10.2022 во Крипто



Хакерите сакаат 2022 да биде запамтена по рекордна кражба на криптовалути

Криптовалутите во 2022 година доживеаја потоп, но и понатаму остануваат дигитален банкомат за моќните групи на хакери. Ако се избројат парите украдени во крипто во тековната година, износот изнесува над 3 милијарди долари. 

2022 година е на пат да стане рекордна по кражбите на криптовалути, тврдат експертите за блокчејн технологија од компанијата Chainalysis Inc. Метата на хакерите е DeFi протоколот, кој што го користат алгоритмите базирани на софтвер, со цел да овозможат тргување и позајмување во дигитални книги, без користење на посредник. 

Автор: Aleksandar Stankov