Netflix официјално најави пониска претплата со реклами за 6.99 долари

Објавено на 14.10.2022 во Новости



Netflix официјално најави пониска претплата со реклами за 6.99 долари

Рекламите пристигнуваат на Netflix, стриминг платформата ги воведува рекламите за оние што сакаат да плаќаат помала претплата. 6.99 долари месечно ќе биде за корисниците со реклами за САД, што е за цели 3 долари помалку од моментално најниската претплата.

Новата тарифа за наплата ќе стане достапна од неомври, која според Netflix ќе го понуди најдоброто досега, со пониска цена. Рекламите ќе ги има меѓу насловите на Netflix и ќе се одвиваат од 15 до 30 секунди, со тотално траење од 4 до 5 минути на час. Тоа значи дека може да гледате и до 20 реклами за време на еден филм.  ‘Basic with Ads’ планот ќе биде лансиран на 3 ноември и ќе стане достапен во 12 земји.