Windows 11 конечно добива опција што требаше да ја има од првиот ден
Објавено на 14.10.2022 во Windows

Најавени се многу опции што наскоро доаѓаат на Windows 11. Една од нив е надградбата на алатката за исекување на фотографии на екранот Snipping Tool. Ќе има и опција за снимање на екранот.
Корисниците досега беа приморани да го користат снимачот на игри што се наоѓа во Xbox Game Bar, или да користат апликација од трета страна за снимање на своите екрани. Microsoft ќе понуди и дополнителни опции за снимање на екранот, кои што наскоро ќе бидат достапни во Snipping Tool.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.