Марк Цукерберг ја призна големата грешка што ја направил со Facebook и Instagram

Објавено на 15.10.2022 во Новости



Марк Цукерберг ја призна големата грешка што ја направил со Facebook и Instagram

Facebook има многу проблеми во последно време, што резултира со пад на бројот на корисници и губењето на стотици милијарди долари во 2022 година на берзата. Марк Цукерберг признава дека има и негова грешка во стратегоријата на компанијата.

Цукерберг беше убеден дека корисниците сакаат Facebook да стане персонализирана платформа, односно на почетната страница да се појавува содржина што се објавува од роднините и пријателите. Признава дека тоа му е голема грешка.

Се покажа и докажа дека корисниците ја сакаат најдобрата и најквалитетната содржина и дека не е важно кој ја објавува таа содржина. TikTok тоа го препозна навреме, затоа корисниците овде се во константен пораст и го напуштаат Facebook.