Apple објави ексклузивно „Call To The Wild“ видео за Apple Watch Ultra

Објавено на 16.10.2022 во iOs



Apple објави ексклузивно „Call To The Wild“ видео за Apple Watch Ultra

Apple е компанија што навистина знае како да ги рекламира своите производи. Објавено е видео со Apple Watch Ultra на нивниот YouTube канал, наречен ‘Call To The Wild’. Оригиналното видео беше прикажано на настанот во септември, но сега е официјално објавено и на интернет.

На видеото одозгора може да ги погледнете сите главни способности на Apple Watch Ultra, како може да издржи и во најлошите временски услови. Неговата цена изнесува 800 долари.