Amazfit го лансира неверојатниот Falcon смартчасовник

Објавено на 17.10.2022 во Смарт часовници



Amazfit го лансира неверојатниот Falcon смартчасовник

Amazfit го најави првиот премиум мулти-спорт GPS смартчасовник - Amazfit Falcon. Според слоганот на новиот часовник, тој ги надминува сите граници. Дизајнот на Falcon е премиум навистина, има многу убав стил, привлечен е и изработен е од TC4 титаниум, материјал што се употребува за изработка на авиони.

Изработен е од сафирно кристално стакло, а ако сте професионален атлетичар, тогаш ќе ги добиете вашите точни резултати од вежбањето. Amazfit Falcon пристигнува со новата Zepp Coach апликација со вештачка интелигенција, која што содржи смарт коуч тренинг алгоритам. Благодарение на него, вашето вежбање со текот на времето се подобрува. 

Amazfit Falcon поддржува апликации како што се Strava, Apple Health, Google Fit, Relive, и Adidas Running. Смартчасовникот располага со батерија од 500mAh, која што може да издржи до 14 дена, со типично времетраење до 7 дена. Го мониторира вашето спиење, отчукување на срцето, кислород во крвта и ниво на стрес. Цената на Amazfit Falcon изнесува 500 долари, што е одлична цена и на ниво на Apple Watch 8