Apple ја претстави новата генерација на iPad и iPad Pro

Објавено на 19.10.2022 во iOs



Apple ја претстави новата генерација на iPad и iPad Pro

10-та генерација на Apple таблетот пристигнува со нов дизајн, кој сега има поголем екран од раб до раб. Неговата дијагонала изнесува 10,9 инчи со резолуција од 2360x1640 пиксели и True Tone технологија. Со цел да се направи место за поголем екран. Touch ID, сензорот за отпечатоци на прсти, веќе не се наоѓа под екранот, туку сега е интегриран во типката за палење и гасење на уредот. 

Од задната страна се наоѓа 12MP камера со можност на снимање во 4K резолуција, додека од предната страна се наоѓа 12MP ултра-широката камера со поддршка за Center Stage. Уште еден новитет за оваа верзија на iPad е приклучокот на USB-C за полнење и поврзување со други уреди, а истиот приклучок може да го очекуваме и кај следната генерација на iPhone.

Новиот iPad располага со A14 Bionic процесор, кој има за 20% подобри процесорски перформанси и 10% подобри графички перформанси во споредба со претходната генерација на таблет. Apple има и Magic Keyboard Folio, тастатура со тачпед, а со таблетот се поврзува магнетски, Ја поддржува и првата генерација на Apple пенкалото. На пазарот излегува на 26 ноември за почетна цена од 499 долари со 64GB меморија.