iPad Pro доаѓа во две верзии со моќни перформанси

Објавено на 19.10.2022 во iOs



iPad Pro доаѓа во две верзии со моќни перформанси

Најавена е и новата генерација на iPad Pro во две верзии: 11 и 12,9-инчен екран. Најголемиот новитет на овој модел е процесорот. Го покренува Apple M2 чипот, а за корисниците се достапни верзии со 128/512GB и 8GB меморија и 1 и 2TB меморија и 16GB RAM меморија.

Новите модели на iPad Pro, кога ќе се надградат со iPadOS 16 (достапен од 24 ноември), ќе имаат интересна опција, која што може да се користи со другата генерација на нивните пенкала, а тоа е прпеознавање на пенкалата додека тоа „лебди“ над екранот на оддалеченост до 12мм. Во продажба излегува на 26 ноември со почетна цена од 799 долари за 11-инчениот модел, или 1.099 долари за основниот 12,9-инчен модел.

Автор: Aleksandar Stankov