Rolls-Royce го претстави својот прв електричен автомобил Spectre

Објавено на 21.10.2022 во Електричен погон



Rolls-Royce го претстави својот прв електричен автомобил Spectre

Rolls-Royce го претстави својот прв електричен автомобил. Автомобилскиот гигант тврди дека ова е само почетокот од новот поглавје, како за самата компанија, така и за индустријата за луксузни возила.

Spectre моделот ги има сите квалитети со кои што овој бренд прерасна во легендарен. Извршниот директор Torsten Müller-Ötvös го нарекува овој модел „најсовршен производ што Rolls-Royce досега го направил“. Тој се нарекува формално електрично супер купе. 

Rolls-Royce Spectre ќе забрзува до 100 km/h за само 4,4 секунди. Масовно производство на моделот би требало да започне од следната година, а доставата започнува од крајот на 2023 година. Цена се уште нема, аналитичарите очекуваат да биде од 350 до 450.000 долари.