Microsoft сака да го нападне пазарот со мобилни игри со своја продавница

Објавено на 21.10.2022 во Игри



Microsoft сака да го нападне пазарот со мобилни игри со своја продавница

Microsoft сака да земе и дел од колачот со мобилните игри. Компанијата сака да го постигне тоа со свои апликации за мобилни игри, т.е. продавница за преземање и купување на мобилни игри.

Epic Games се обиде да го направи истото, па на крај поднесе тужба против Apple. Јасно е колку тешка задача би била таа, затоа што Google и Apple имаат строги правила околу тоа што е дозволено, а што не е на нивните платформи. Microsoft планира сопствена мобилна продавница за игри, но се уште нема никакви официјални информации.