Redmi Note 12 серијата пристигнува со 210W брзо полнење

Објавено на 21.10.2022 во Новости



Redmi Note 12 серијата пристигнува со 210W брзо полнење

Redmi ја потврди Note 12 серијата, која што ќе биде откриена овој месец во Кина. Изгледа дека Redmi има некои уникатни иновации подготвено. Ќе се лансираат Note 12, Note 12 Pro, Note 12 Pro+ и Note Pro Ultra.

Најмоќното нешто што се спомнува за Redmi Note 12 серијата е новото брзо полнење со поддршка до 210W. Моментално рекордот со 200W полнење го држи Vivo iQOO 10 Pro, кој е достапен само во Кина. Note 12 би можел да биде првиот телефон опремен со Dimensity 1080 процесор.

Новиот чип се фокусира на гејминг, 4K HDR стриминг, камера до 200MP и 5G мрежа.