Amazon започнува борба со лажните рецензии и во Европа

Објавено на 21.10.2022 во Новости



Amazon започнува борба со лажните рецензии и во Европа

Добрите рецензии за производи на интернет може да бидат лажни на интернет, а купувачите ги читаат прво нив за да проверат дали да купат нешто или не. Понекогаш е тешко да се заклучи дали личноста што пишала рецензија е навистина воодушевена од купениот производ или не.

Лажните рецензии се голем проблем за Amazon. Компанијата веќе долго време се бори против лажните рецензии и со компаниите што регрутираат лажни рецензенти на интернет. Во САД веќе постојат голем број на примери против такви лица и компании, а сега битката се префрла и во Европа. Поднесено е правно обвинение до судовите во Италија и Шпанија, а порано се испратени и предупредувања до пет интернет страници во Германија, поврзани со лажни рецензии.





Прочитајте повеќе: