SUV-концепт на возило на водород со заменливи водородни ќелии

Објавено на 22.10.2022 во Електричен погон



SUV-концепт на возило на водород со заменливи водородни ќелии

Автомобилите на водород и нивниот потенцијал можеби се уште се далеку од реализација, но француско-мароканската автомобилска компанија NamX има идеја како да ги направи употребливи. Нивниот концепт на SUV автомобили има заменливи водородни ќелии, со помош на кои опсегот на тие возила станува најмал проблем.

Предлог концептот на NamX се нарекува HUV, изложен бил на парискиот саем за автомобили и има облик на купе со четири врати, дизајнирано од Pininfarina и користи двојни системи за снабдување со водород за зголемување на опсегот на возилото. 

HUV има фиксен внатрешен резервоар, а од NamX тврдат дека му треба помалку од четири минути за да се наполни. Има и приклучоци за до 6 резервоари на водород, што според проценките би требало да овозможи домет до 800 километри. Забрзува 0-100 km/h за само 4,3 секунди, а максималната брзина е 250 км/час.