TikTok воведува забрана за малолетници за видеа со пренос во живо

Објавено на 23.10.2022 во Новости



TikTok воведува забрана за малолетници за видеа со пренос во живо

Оние што пренесуваат видеа во живо на TikTok, нема да ги следат повеќе лица помали од 18 години за преноси во живо. Опцијата моментално се тестира, но TikTok објави и дека сака да ограничи одредени видови на содржини за малолетници да не се изложени на несоодветна содржина.

Кога ќе објавите стриминг видео. корисниците ќе може да одбираат опција „тема за возрасни“ во поставките, така што малолетниците наместо видео, ќе видат известување „само корисници на возраст од 18 години и постари можат да го видат вашето во живо“.