Apple спрема уред со преклопен екран, но не е iPhone

Објавено на 26.10.2022 во Преклопни уреди



Apple спрема уред со преклопен екран, но не е iPhone

Мобилните компании веќе се борат за своето место на пазарот на преклопни смартфони. Apple моментално нема уреди со преклопни екрани.

Според аналитичарот Бен Вуд од CSS Insight, компанијата за две години ќе лансира преклопен уред. Apple за 2024 година спрема iPad на превиткување или на преклоп. Тој смета дека ако Apple се одлучи за iPhone со преклопен екран, тоа би било голем ризик, затоа што ќе има слични проблеми како конкуренцијата, што ќе резултира со голем удар за угледот на компанијата, затоа што iPhone е сепак најпознатиот уред што им носи многу пари.