Шефот на Microsoft го сака Call of Duty и на Nintendo Switch
Објавено на 28.10.2022 во Игри
Microsoft предизвика голем потрес на гејмерскиот пазар со најава на аквизицијата за Activision Blizzard, тешка 70 милијарди долари. Sony го критикува овој потег, сметајќи дека негативно ќе влијае врз конкуренцијата на овој пазар и во страв дека со текот на времето CoD веќе нема да биде достапен на PlayStation, регулаторите се уште ја испитуваат аквизицијата.
Шефот на Xbox, Фил Спенсер, вели дека екипата во Sony може мирно да спие што се однесува до Call of Duty. И не само тоа, вели дека би сакал да ја види играта и на другите платформи. Call of Duty ќе биде посебно достапен и на PlayStation. „Би сакал да го видам и на Switch, би сакал играта да биде достапна на многу екрани. Нашата цел е да го третираме CoD како Minecraft“, вели Спенсер.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.