Samsung Galaxy S23 Ultra: Првите примероци со камерата од 200MP

Објавено на 31.10.2022 во Новости



Samsung Galaxy S23 Ultra: Првите примероци со камерата од 200MP

Apple и Google конечно ја прифатија повисоката резолуција на камерите, а Samsung се очекува да ги надмине своите ривали со сензор од 200MP кај Galaxy S23 Ultra. Наводно веќе излегоа и фотографиите со ваков сензор во јавноста, но неофицијално.

Samsung Galaxy S22 Ultra пристигна со камера од 108MP, со што ја заслужи титулата за еден од најдобрите смартфон со камера за 2022. Аналитичарите прогнозираат дека S23 Ultra доаѓа со сензор од 200MP. Некои производители веќе лансираа телефони со 200MP сензор од Samsung, но сепак не е истиот HP2 сензор, кој што компанијата го резервирал за следниот премиум предводник на смартфон.