iPhone 15 ќе ги отстрани страничните физички копчиња

Објавено на 31.10.2022 во iOs



iPhone 15 ќе ги отстрани страничните физички копчиња

Apple се спрема за да ги отстрани копчињата од страната кај iPhone 15, според најновите шпекулации. Новите копчиња најверојатно ќе функционираат слично како home копчето како iPhone 7 и iPhone 8. Истата технологија би можела да биде искористена за отстранување на механичките копчиња за јачина на звук и копчињата за вклучување/исклучување, според аналитичарот Минг-Чи Куо.

Технологијата би можела да биде лимитирана само за iPhone 15 и 15 Pro. Од iPhone 15 се очекува исто така да биде првиот што ќе се префрли од USB-C кон Lightning конектори, во линија со новите правила за Европската унија. Таа промена би можела да чини дополнително и да ја зголеми цената на телефонот.