Аеродромите добиваат куче со уред за следење на криминалци

Објавено на 01.11.2022 во Смарт



Аеродромите добиваат куче со уред за следење на криминалци

Heliguy е компанија во Велика Британија, која развила уред со висока технологија и го ставила во добро истренирано куче. Новата висококвалитетна камера ја ставиле на кацигата што ја носи полициското куче. Така високо обученото куче добива дополнителна заштита на главата, а камерата на неговата кацига и помага на полицијата да ги фатат криминалците.

Полицијата до овој момент е задоволна од опремата на кучето. После тестирањето е утврдено дека кучето може да биде вклучено во нивните операции со специјализиран уред, во кои што се вклучува и огнено оружје. Sony 8MP IMX219 камерата е поставена на кацигата отпорна на удари. Снимката е направена од перспектива на полициското куче, и е веднаш видлива на малите екрани, кои што ја носат полицајците и така им овозможува увид во оној дел што можеби е би бил премногу опасен. Снимките се следат преку Android апликација.