Илон Маск планира да воведе месечна претплата за Twitter

Објавено на 02.11.2022 во Новости



Илон Маск планира да воведе месечна претплата за Twitter

Twitter од минатата година нуди претплата за услуги што се плаќаат, но Маск сака да воведе нова понуда, поскапа и наменета за поголем број на корисници, што ќе ги диверзифицира изворите на приходи од платформата. Маск официјално го купи Twitter, и објави дека ќе наплатува месечна претплата од осум долари за оние што сакаат потврда дека профилот е автентичен.

Сега оваа можност може да ја користат само некои профили како што се оние од владата, бизнисот, медиумите, политичари, спортисти, музичари и слично. Твитовите на претплатниците ќе имаат приоритетни твитови, ќе може да објавуаат подолги видеа и аудио снимки и ќе бидат изложени два пати помалку на реклами. Цената на претплатата ќе зависи во која земја сте.